Спортски бренд нуди вечера што се плаќа во истрчани километри

47

eat-your-run

Kalenji, бренд патики на Decathlon, во соработка со агенцијата Rosapark од Париз организираа кампања #EatYourRun за промоција на новата колекција.

Тие на новинарите им пратиле по еден пар патики, со испечатено мени на капакот на кутијата, пишува Adweek.

По една недела ги викнале во ресторан, а храната наместо со пари, новинарите ја платиле во истрчани километри.