SPYNDI – мебел што го креирате сами според вашите желби

65

a41bdd4e2f734811e2def4bc6853ae88_original (3)

По девет годишна напорна работа, тим од литвански дизајнери креираа мебел што корисникот може сам да го составува како што ќе посака. Наречен е SPYNDI, а се состои од 60 парчиња рачно изработени дрвени елементи што се составуваат меѓусебно.

Инспириран од човечкиот рбет, мебелот е многу флексибилен, цврст и се прилагодува на секого. Се мести така што дрвените елементи се прицврстуваат еден за друг според формата што сакате да ја постигнете. Секој од нив има страна А и B преку коишто корисникот се води создавајќи различен агол, а со тоа и различен дизајн.

SPYNDI се состои од 45 долги и 15 кратки елементи со коишто за само 15 минути може да креирате различни столици, масички, лежалки, прегради… Проектот моментално има своја кампања на платформата за финансирање Kickstarter, а тимот се надева дека за кратко време ќе започне со масовно производство и дистрибуција на овој производ.

Locking system