Србија: Бесплатна струја и 10% поевтина социјална кошница за сиромашните

17

kosnicaСоцијално загрозените граѓани со статус на енергетски заштитен потрошувач, од денес во Србија имаат право на бесплатна количина струја и гас. Според Уредбата за енергетски заштитен потрошувач, се очекува околу 350.000 енергетски заштитени, сиромашни потрошувачи да стекнат право да добиваат меѓу 120 и 250 киловат часови бесплатна струја месечно, во зависност од бројот на членови на домаќинството, како и од 35 до 75 кубни метри гас месечно во текот на грејната сезона.

Се проценува дека оваа бенефиција ќе ја чини државата меѓу 30 и 40 милиони евра годишно.

Освен оваа мерка, за да им помогне на социјално загрозените, државата реши да се договори со трговците и произведувачите и да воведе социјални корпи, кои ќе содржат 10% поевтини артикли.

“Сакаме да ги заштитиме потрошувачите во Србија на начин на кој тоа е вообичаено во европските земји. Генерално намалување на цените во Србија ќе стигне со влез на големи трговски ланци и силна конкуренција, но додека тоа не се случи, не смееме да седиме со скрстени раце”, вели Владимир Матовиќ, советник во министерството за трговија и телекомуникации, пишува Новости.

Воведувањето социјална корпа подразбира оние што продаваат или произведуваат, еден или повеќе артикли од својот асортиман да им го понудат на потрошувачите по 10% пониска цена. Во корпата ќе бидат застапени сите производи неопходни за основните потреби.

“Намерно договорот го склучивме првенствено со трговците, за целиот товар од концептот да не го претрпат произведувачите. Целта на овој договор не е да се зголеми потрошувачката, туку државата да ги заштити потрошувачите, особено оние социјално загрозените”, додава Матовиќ.