Србија доби кредит од 100 милиони долари од Светска банка

22

svetska banka 1

Одборот на извршни директори на Светска банка одобри кредит од 100 милиони долари за Србија за проект за зголемување на конкурентноста и отворање нови работни места, пишува Танјуг.

Одобрувањето на Проектот за конкурентност и вработување следеше по состанокот на српскиот премиер Александар Вучиќ со претседателот на Светска банка, Џим Ким, во седиштето на оваа организација во Вашингтон.

“Отворањето на нови работни места за младите луѓе е најголем приоритет во Србија. Тоа на состанокот го истакна и премиерот, а ние на тоа реагираме со проект што се занимава со проблемите за кои се грижи и на тој начин ќе се зголеми промовирањето на инвестиции, ќе поттикнува иновации во економијата и ќе им помогне на младите граѓани на Србија да се поврзат со работодавачите“, вели потпретседателот на Светска банка за Европа и централна Азија, Цирил Милер.