Србија добива азил за пчели

39

Во Србија започнува реализација на проект во чии рамки ќе биде поставен азил за пчели во пчеларникот Кошутњак, пишува Instore.rs.

“Со оглед на тоа што пчелите се прогласени за загрозен вид во 2017 година, секој спасен рој претставува единствена победа на пчеларството и зачувување на биодиверзитетот на глобално ниво. Исклучително е важно одметнатите пчели да имаат свој дом…, а истовремено Белград ќе биде на мапата на градови во коишто зачувување на пчелите, како важен инсект за исхраната на луѓето, ќе се подигне на повисоко ниво“, вели Станко Рајиќ, претседател на Белградското здружение на пчелари.

Пчелите вообичаено ги напуштаат своите кошници поради различни природни или вонредни околности.

Медоносните пчели имаат исклучително и комплексно место во природата и тие во исто време се единствениот инсект што прави храна за луѓето. Над 75% од главните растенија што се одгледуваат, а се најзначајни за исхраната на луѓето, директно зависат од пчелите како опрашувачи.

Во Белград, според проценките, има околу 3.000 одметнати роеви пчели, а со овој азил тие ќе можат да го продолжат своето нормално функционирање. Во него ќе има неколку десетици кошници, во коишто ќе бидат сместени овие изгубени роеви.

Фото: Freepik