Србија го избра најпосакуваниот работодавач за оваа година

46

Компанија NIS (Naftna Industrija Srbije) е најпосакуван работодавач во Србија според истражувањето TalentX, што го спровел порталот Poslovi.infostud.com, пренесуваат српските медиуми.

Во анкетата учествувале над 10.000 испитаници, а покрај изборот на најдобрите, учесниците одговориле и на прашањето што го прави работодавачот да биде атрактивен и навеле дека најмногу го ценат финансиски стабилното работење, пријателско и пријатно работно окружување, како и јасен и фер систем за наградување. Според истражувањето, покрај NIS, на листата најпосакувани работодавачи се и Air Serbia, како и Coca Cola HSB.

“Задоволство е да се биде најпосакуван работодавач, но тешко е да се достигне и да се сочува таа позиција. Новите услови на работа и организација сите нас, работодавачи, нè ставија на тест на доверба и тоа што се приоритети. Ние како приоритет ја избравме доверливоста и континуитетот на работа, трудејќи се нашите вработени да нè видат како партнер во времиња што го менуваат стилот на живот и работа“, вели Алиса Евсина, директор за човечки ресурси во NIS.

Оваа нафтена компанија годинава креираше нова развојна програма за различни целни групи, воведе флексибилно работно време, а во првото полугодие реализираше повеќе од 460 професионални технички обуки.

Фото: Freepik