Србија и Војводина бараат купувач за Тесла банка

20

tesla stedna banka

По неколкуте безуспешни обиди да се најде стратешки партнер, мнозинскиот сопственик на Тесла банка, Фондот за развој на Република Србија и Автономната покраина Војводина, овие денови објави јавен повик за продажба на мнозинскиот пакет од 55,08% од основачкиот капитал на банката, пишува Тпортал.хр.

Во јавниот повик на сопственикот се наведува дека банката има вкупен основачки капитал од околу 4,9 милиони евра, којшто со одлука на Генералното собрание од 30-ти јуни оваа година е намален на 1,2 милиони евра.

Тесла банка е основана во 2011 година на иницијатива на Српскиот народен совет. Целта била да биде развојна банка којашто со поволни кредити и логистичка поддршка ќе овозможи враќање на српските бегалци во Хрватска и ќе им олесни на Србите во Хрватска да основаат мали и средни претпријатија.