Србија ја укинува двојната патарина од 1 октомври

18

patarina

Од 1 октомври, Србија ги укинува таканаречените двојни патарини на релациите Белград – Суботица и Ниш – Прешево, најави Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, јавува Танјуг.

На овие делници ќе биде воведен систем на наплата според поминат километар. Така ќе се избегне ист износ да плаќаат возачите на кратки релации и оние кои возат на релацијата Белград – Нови Сад. Возачите ќе мораат да почекаат на новиот систем на наплата од Ниш до Лесковац до завршувањето на полниот профил на патот на таа делница, стои во соопштението, пренесува Танјуг.