Србија ќе гради патишта со пепел

26

avtopat-pixabay

Фото: Pixabay

Србија наскоро ќе добие патишта за чија изградба ќе се користи пепел. Вкупно 3.630 тони пепел од јавното претпријатие Електропровреда Србија (ЕПС) ќе бидат искористени за изградба на автопатот меѓу Белград и Чачак на коридорот 11, јавува РТС.

“Во овој момент на депониите имаме околу 200 милиони тони пепел. Годишно, за жал или за среќа, се произведуваат околу шест милиони тони пепел“, изјави српскиот министер за рударство и енергетика, Александар Антиќ.

Вкупно 70% од струјата во Србија се добива од јаглен, така што ЕПС има голем потенцијал за пепел, а се прават планови за негово поголемо искористување. Ова јавно претпријатие за одложување и одржување на депониите со пепел годишно одвојува по 50 милиони евра.