Србија очекува 2,5 милијарди евра странски инвестиции оваа година

27

stranski investiciiВо Агенцијата за странски инвестиции во Србија проценуваат дека оваа година во земјата би можеле да влезат 2,5 милијарди евра директни инвестиции. Најголеми се очекувањата во енергетскиот сектор.

“Покрај енергетскиот сектор, голем е интересот за автомобилската индустрија, лесната индустрија, текстилот, индустријата на кожа и обувки, кондиторската индустрија и на наше најголемо задоволство, во сегментот на информатичка технологија”, вели Божидар Лаганин, директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Во Стопанската комора на Србија велат дека најзначајни би биле инвестиции во производните индустриски гранки, но добредојдени се секаков вид инвестиции.

По изборната 2012 година, сушата и двоцифрената инфлација, Србија се надева дека ова ќе биде година на поголема макроекономска стабилност, што значи попредвидливо опкружување за големите инвеститори.