Србија почна да го произведува Sputnik V

56

Производството на руската вакцина Sputnik V почна на белградскиот институт Торлак, а во догледно време се очекува да почне да се извезува во земјите од регионот, јавуваат српските медиуми.

“Со ова Србија стана прва земја во јужна Европа којашто ќе го произведува Sputnik V. производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди“, соопштуваат од Рускиот фонд за директни инвестиции.

“Рускиот фонд за директни инвестиции и Институтот за вирусологија, вакцини и серуми, Торлак, ги здружија силите за да може на светот да му донесат повеќе вакцини од Sputnik V“, наведува рускиот фонд на Twitter.

Фото: Pexels