Србија: Помалку странски инвестиции оваа година

17

Србија до крајот на годинава може да очекува помалку странски инвестиции од лани, а ќе изнесуваат од една до 1,2 милијарди евра, изјави заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА), Бојан Јанковиќ.

Тој додаде дека во Србија, пред се, неопходни се инвестиции во енергетиката, телекомуникациите и инфраструктурата.

Странските инвестиции во првите шест месеци годинава биле околу 600 милиони евра, а намаленото ниво делумно е резултат на изборниот процес во земјата во тој период, но и економската криза што ја зафати Европската унија, најголемиот трговски и економски партнер на Србија.

Србија досега имаше конкурентска предност за вложување на странските инвеститори во облик на различни субвенции, но во последно време многу земји од опкружувањето напреднале и нудат уште попривлечни субвенции од Србија, што дополнително може да ја влоши ситуацијата со странските инвестиции, објаснува Јанковиќ.