Србија приватизира 58 претпријатија што постојат само на хартија

21

Door locked

Меѓу 502-те фирми за кои српската Агенција за приватизација објави јавен повик за искажување интерес на инвеститори за нивна приватизација, 58 физички не постојат на официјалната адреса. Овие фирми со тоа практично ги исполнуваат условите за стечај. Покрај тоа, немаат имот, вработени, дејност, пишува Вечерње новости.

Според податоците што на Новости им ги доставила Агенцијата за приватизација, ниту едно од овие 58 претпријатија не се наоѓаат на официјалната адреса запишана во Агенцијата за стопански регистри. На листата главно преовладуваат трговски претпријатија.

“За овие 58 фирми, веќе на 16 септември, кога ќе заврши јавниот повик за инвеститорите, може да се покрене стечајна постапка. Тоа сега е во надлежност на Агенцијата за приватизација. Овие фирми постојат само на хартија, а при контрола на терен, не ги најдовме на регистрираната адреса”, велат од Агенцијата за приватизација за Новости.