Србија: Сиромашните трошат 200, а богатите 1.200 евра месечно

28

Домаќинствата во Србија минатата година просечно потрошиле околу 550 евра. Од тој износ повеќе од една третина се троши на пари и безалкохолни пијалаци, покажуваат податоците на српската статистика, а ги пренесува Данас.

Граѓаните на Србија потрошиле 16% од своите средства на режиски трошоци, а повеќе од 9% за транспорт. Најмалку средства, односно 1,5%, остануваат за образование.

Има голема разлика во потрошувачката, па така во Белград просечниот месечен трошок на домаќинствата бил околу 613 евра, додека во јужниот и источниот дел на земјата околу 519 евра.

Разликата во потрошувачката меѓу најсиромашниот и најбогатиот дел од населението е околу 1.000 евра. На оние домаќинства чии месечни трошоци не надминуваат 200 евра, половина од тие пари ги трошат за храна, по што им остануваат 100 евра за сметки, транспорт, образование, здравје, училиште, рекреација и слично.

Фото: Pixabay