Средба на претставници на воздухопловните и судските власти од повеќе земји

21

Високи претставници на судските и воздухопловните власти од Република Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, како и гости од EUROCONTROL и JCTF, денеска во Охрид ќе одржат работен состанок.

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, во соработка со EUROCONTROL и JCTF, е организатор на работната сесија со претставниците на Обвинителството и правдата и воздухопловните менаџери на земјите од регионот, на која ќе бидат разгледани можностие за усвојување заедничка воздухопловна обвинителна процедура, креирана врз моделот на EUROCONTROL Just Culture Task Force (JCTF), пренесува Миа.

Земјите членки на EUROCONTROL и на ЕУ на состанокот на Привремениот совет на EUROCONTROL во мај 2012 година, едногласно ја поддржаа иницијативата да ги поканат земјите членки да ја усвојат, на државно ниво, процедурата за единствена и унифицирана кривична истрага на воздухопловни инциденти и несреќи. Моделот е креиран и развиен од EUROCONTROL just Culture Task Force (JCTF) и е изготвен од правни експерти од областа на воздухопловството од голем број земји-членки, претставници од Европската Комисија, EASA, воздухопловни оператори, даватели на услуги на воздухопловна навигација и претставници од државното судство на земјите членки на EUROCONTROL.