Средната класа се намалува за прв пат од 90-тите години на минатиот век

52

Глобалната средна класа минатата година се намалила за првпат во последните неколку децении поради пандемијата со Ковид-19, при што скоро две третини од домаќинствата во економиите во развој пријавиле загуба на приходот, покажаа две нови проценки засновани на податоци на Светска банка, пренесува Балкан Ал Џезеира.

Во студијата која беше објавена вчера, истражувачите од истражувачкиот центар Pew открија дека рангот на глобалната средна класа, на оние кои заработуваат од 10 до 50 американски долари дневно, минатата година паднал за 90 милиони луѓе, односно на на речиси 2.5 милијарди луѓе.

Ова влијаеше на зголемување на бројот на сиромашни или оние кои живеат со нешто помалку од два долари дневно за 131 милиони луѓе, проценува Pew.

Податоците на центарот за средната класа всушност го потценуваат влијанието, бидејќи се проценува дека 62 милиони луѓе со високи примања, или оние кои заработуваат 50 американси долари или повеќе дневно, паднале во средната класа, што е резултат на пандемијата, посочи Ракеш Кошар, автор на студијата.

Тој додаде дека “никогаш порано во историјата немало таков пад на приходите на глобално ниво“.