Српска модна компанија почна да произведува маски – 2.000 дневно, сите донација

199

Српската модна компанија Mona почна да произведува заштитни маски.
Како што на својот Facebook профил објави Томислав Момировиќ, еден од членовите на семејството Момировиќ кои работат во модната и хотелиерската индустрија, производството во погоните каде се шие облека е прилагодена за производство на заштитни маски.

Како што наведува, очекува да произведува 2.000 маски дневно.

“Тие нема да бидат за продажба, нема да се делат (не ме барајте), сите ќе бидат донирани во медицински установи“, наведува Момировиќ.

Фото: Printscreen