Српски старт-ап доби инвестиција од американски фонд

26

sr

Српската компанија што се занимава со развој на софтверски решенија за камионски превозници и возачи Truck Track е првиот старт-ап од Србија што доби инвестиција од американскиот инвестициски фонд и акцелератор 500 Startups, соопшти Бизнис инкубаторот за технолошко претприемништво ICT Hub, јавува Танјуг.

За колкава инвестиција се работи е деловна тајна, а стандардната инвестиција на овој фонд од Силиконската долина е 125.000 долари за 5% удел во компанијата.

Идејата на Truck Track е модернизација на индустријата на камионскиот превоз, со тоа што целата деловна комуникација лесно се чува во cloud.

Ова е прва инвестиција на 500 Startups во Србија, а веќе има инвестирано во Хрватска и Словенија. Фондот важи за најактивен во ИТ секторот, а до сега инвестирал околу 150 милиони долари во преку 1.000 компании во светот.