Српски туристи оваа година за летување потрошиле 600 милиони евра

31

Над 850.000 жители на Србија оваа година летувале во странство. Тие на плажите ширум Европа и светот потрошиле 600 милиони евра, покажуваат податоците.

Најмногу патувале во Грција (610.000 жители), додека сè поголем број Срби патувале во Турција и Египет.

Според податоците, најпосетувани летувалишта во Грција се оние на Халкидики, додека во Турција најатрактивна за српските туристи била Аланија.

Просечен аранжман со автобуски превоз во оваа земја чини околу 250 евра, додека за патување со авион чини околу 400 евра.

Фото: Pixabay