ССК: Кризата во Грција засега нема големо влијание на платниот промет

9

Случувањата во Грција засега немаат големо влијание врз платниот промет на македонските компании, сметаат компаниите членки на Сојузот на стопанските комори (ССК). Но, тоа не значи, велат, дека и во наредниот период ќе биде така, пишува Миа.

“Нормално е сите држави со кои граничиме да имаат одредено влијание, но бидејќи кризата во Грција не е прелеана кај нас, сè уште не ги чувствуваме ефектите и проблемите кои тие ги имаат“, изјави претседателката на ССК Данела Арсовска по денешната деловна средба со унгарската делегација предводена од државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Унгарија Левент Маѓар.

Според неа, стопанството може да се надева дека економската ситуација ќе биде подобра и дека нема да има влошување, потенцира Арсовска.