
Се очекува инфлацијата во еврозоната во август да изнесува 5,3 отсто годишно, односно да остане на исто ниво како во јули, покажа флеш проценка на Евростат.
Анализата на главните компоненти на инфлацијата во флеш проценка покажува дека најголем придонес во растот на цените се очекува од храната, алкохолот и тутунот, кои забележаа највисока годишна стапка на раст на цените од 9,8 отсто, наспроти 10,8 отсто во јули.
Се проценува дека услугите поскапеле за 5,5 отсто во август, неенергетските индустриски производи за 4,8 отсто, додека цените на енергијата забележале негативно движење од 3,3 отсто, наспроти јулските исто така негативни 6,1 отсто.
Кога станува збор за одделни земји-членки на еврозоната, проценките на Евростат покажуваат дека највисоки стапки на инфлација во август се забележани во Словачка (9,6 отсто), Хрватска (8,5 отсто) и Австрија (7,6 отсто).
Најниска инфлација, според блиската проценка, е забележана во Белгија и Шпанија (2,4 отсто) и Кипар (три отсто).
Лани во август инфлацијата во Естонија достигна 25,2 отсто, во Летонија 21,4 и во Литванија 21,1 отсто.











