Стапката на раст на рускиот БДП е околу два проценти во првиот квартал од оваа година

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Русија изнесува над два отсто во првиот квартал од оваа година, изјави руската заменик-министерка за економски развој Полина Крјучкова.

Проценката на БДП за првиот квартал од оваа година е 1,7 отсто на годишна основа, објави ТАСС. Крјучкова истакна дека оваа проценка не го зема предвид февруари 2024 година.

Министерството за економски развој на Русија очекува националната економија да порасне за 2,5 отсто до крајот на оваа година.