Starbucks за три месеци инкасираше 6,7 милијарди долари

18

Најголемиот синџир на кафетерии, Starbucks забележа раст на добивката во првото тримесечје од оваа година. Од јануари до март Starbucks ја удвои нето добивката на 659,4 милиони долари, а приходите се позиционираа на 6,7 милијарди долари, што е пораст за 11%.

За фискалната 2021-ва година, Starbucks предвидува приходот да се движи од 28,5 до 29,3 милијарди долари, што е незначително повеќе во однос на претходната прогноза. Зголемени им се и прогнозите за добивката.

“Многу сум задоволен од нашиот напредок. Состојбата во САД целосно закрепна од кризата што ја предизвика коронавирусот“, рече извршниот директор, Кевин Џонсон.

Целта на компанијата е до 2030 година да достигне 55.000 отворени кафетерии ширум светот, а во овој момент има околу 33.000 продажни места.

Фото: Pixabay