Стартапот Cerebras Systems го креираше најголемиот компјутерски чип

85

Калифорнискиот старт-ап Cerebras Systems го претстави најголемиот компјутерски чип досега, којшто е малку поголем од стандарден iPad.

Според креаторите Wafer Scale Engine може да се користи за разни комплексни системи со вештачка интелигенција, од автономни возила до софтвер за следење, пишува BBC.

Колку за споредба најмоќните десктоп ЦПЕ (централно процесирачки единици) имаат процесори со 30 јадра, секое од нив способно да ги извршува своите пресметки, но постојат и такви што имаат и до 5.000 јадра.

Чипот на Cerebras има значително поголем број на јадра, дури 400.000. Од стартапот велат дека Wafer Scale Engine ќе го намали времето потребно за процесирање комплексни податоци од месеци на минути.

Cerebras веќе започна да го испорачува својот чип на одредена група клиенти, но цената останува непозната.

Фото: Cerebras