Стартува примената на Законот за мобинг

11

mobbingЗаконот за психичко, физичко и сексуално вознемирување или таканаречениот Закон за мобинг почнува да се применува од денеска. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) апелираат сите работници кои се жртви на некој од овие видови вознемирување тоа да го пријават и да си обезбедат заштита која им ја нуди Законот.

“Од денеска сите наши колешки и колеги што се жртви на психичко, физичко или сексуслно вознемирување да се обратат до правните застапници на ССМ, до гранските синдикати, но и до Антимобинг канцеларијата при ССМ”, рече на прес-конференција претседателот на ССМ, Живко Митровски и додаде дека законот е историски исчекор за заштита на правата на работниците и доказ за функционирањето на социјалниот дијалог во земјата.

Тој апелираше сите работодавци да го запазат законскиот рок од три месеци да ги информираат сите вработени за законот и да ги преземат активностите поврзани со објаснување на постапките. Исто така, треба да ја состават листа на посредници.

За сите работодавачи кои не ги спроведуваат мерките поврзани со Законот за мобинг предвидени се 5.000 до 6.000 евра казна или до 4.000 евра за лицето кое го врши мобингот, а предвиден е и надоместок на штета за сите жртви на психичко физичко или полово вознемирување.

Според истражувањата на ССМ, на мобинг најчесто биле изложени вработени во текстилната индустрија, делови од здравството и јавната администрација. Над 42% од испитаниците се изјасниле дека биле изложени на мобинг.