Стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал

69

19601627_752194464963466_3065346035376677674_n

Во Охрид и официјално стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал, Биди банкар, којашто ќе трае сѐ до 28 јули 2017 година, стои во соопштението.

Претставници од Дирекцијата за човечки ресурси на Банката им посакаа добредојде и успешен старт на учесниците и ги воведоа во активностите што ќе следуваат во текот на Летната школа. По спроведеното тестирање, беа избрани 10-те најдобри студенти на додипломски и постдипломски студии, кои ќе бидат дел од Летната школа којашто се одржува во Охрид.

Програмата на школата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на банката во Охрид, тематски предавања од страна на вработените во банката од областа на банкарското работење и финансиите, обуки за меки вештини, тематски работилници, како и многу забава, дружење и едукација. Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни активности кои ќе им помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците.

По завршување на летната школа Биди банкар на Охридска банка Сосиете Женерал, сите учесници ќе добијат сертификат за учество во школата.