Статистички веб портал на Народна банка

36

Во декември оваа година ќе биде пуштен во употреба статистички веб-портал на Народната банка, којшто е дел од проектот Градење алатка за интерна анализа на податоци и статистички веб-портал за екстерни корисници, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата ИПА2012.

Целта на овој портал е да се осовремени начинот на дисеминација на статистичките податоци и информации, со што истовремено ќе се поедностави пристапот на надворешните корисници до податоците коишто ги објавува Народната банка.

Воедно, преку опциите за изготвување временски серии, филтрирање и преземање на податоците во различен формат, коишто ги нуди оваа интернет-алатка, се прошируваат и можностите за анализа на податоците од страна на крајните корисници.

Со воведување на статистичката интернет-алатка, се напушта досегашната практика на објавување податоци во форма на документи во ексел-формат во делот Статистика на интернет-страницата на Народната банка.

Со пуштање во употреба на статистички веб-портал, како што се наведува, се потврдуваат напорите на Народната банка за задоволување на специфичните потреби на корисниците, преку воведување модерни алатки за осовременување на начинот на дисеминација на статистичките податоци.

Фото: Pexels