Статистика: 1,32% слободни работни места во четвртото тримесечје од 2016

21

prodavnica-sarena-pexels

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,32%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,97%, додека најмала е стапката во секторот Дејности во врска со недвижен имот, каде што изнесува 0,12%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, којашто изнесува 1,82%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, којашто изнесува 2,40%. Најголем број слободни работни места, односно 2.109, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.