Статистика: 1,53% слободни работни места во второто тримесечје од годинава

22

rabotnik-vo-industrija

Фото: Pixabay

Стапката на слободни работни места, во второто тримесечје од годинава, изнесува 1,53%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,50%, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,04%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 2,14%.

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 3,05%.

Најголем број слободни работни места, односно 2.807, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.