Статистика: 1,60% слободни работни места во првиот квартал

17

prazna-kancelarija-pexels

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,60%.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,47% има секторот Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување каде што изнесува 0,02%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 2,13%. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места и изнесува 2,40%.

Најголем број на слободни работни места, односно 2.357, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.