Статистика: 21,8% сиромашни лица во Македонија

18

paricnik-pixabay

Фото: Pixabay

Стапката на сиромашни лица во Македонија, во 2016 година, достигна 21,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 21,2%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,1%.

Коефициентот Gini (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,6%.

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење, којашто се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, во 2017 година ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2016 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.