Статистика: Нема раст на БДП во првото тримесечје од оваа година

11

 

calculator-pixabay

Фото: Pixabay

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2017 година е 0%.

Во првото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Информации и комуникации од 5,5%; Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 2,1%; Земјоделство, шумарство и рибарство од 1,1%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 3,1%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 64,3%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 12,1%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 13,6%.