Статистика: Невработеност од 24% во второто тримесечје од годината

11

Стапката на невработеност, во второто тримесечје од оваа година, е 24%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на активното население во Република Македонија е 948.376 лица, од кои вработени се 720.674, а 227.702 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,5, додека стапката на вработеност 42,9%.