Статистика: Вкупно 70.139 активни деловни субјекти во 2015 година

25

Бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2015 година изнесува 70.139, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 23.843 субјекти или 34% и Преработувачка индустрија со 7.639 субјекти или 10,9%. Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 173 субјекти или 0,2% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 160 субјекти или 0,2%.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 80,2% имаат деловните субјекти со од еден до девет вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 10,4%, па субјектите со од 10 до 19 вработени со 4,3%, потоа субјектите со од 20 до 49 вработени чие учество изнесува 2,8 %, со 1,9% учествуваат субјектите со од 50 до 249 вработени и само 0,3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.