Статистика: Земјоделските површини зголемени за 0,1% во 2015 година

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014, земјоделските површини се зголемени за 0,1%.

Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,4%, кај овоштарниците за 3,6% и кај лозјата за 0,8%. Намалување е забележано кај ливадите за 0,8% и пасиштата за 0,1%.

Во 2015 година, во споредба со 2014, поголемо зголемување на производството се забележува кај доматите за 8%, пиперките за 7,7% и краставиците за 38,3%, а поголемо намалување се забележува кај житата, тутунот, сончогледот, компирот и луцерката.

Производството на овошје во 2015, во споредба со 2014, бележи зголемување кај сите видови овошје, освен кај црешите. Производството на грозје во 2015 година, во споредба со 2014, бележи зголемување за 65,8%.