Stellantis и Amazon ќе развиваат софтвер за возила

16

Stellantis Group и американскиот технолошки гигант Amazon ќе развиваат софтвер за возила. Целта е да се примени дигиталниот асистент на Амазон Алекса во автомобилите. Платформата ќе вклучува апликации кои поддржуваат вештачка интелигенција за забава, навигација, одржување на возила и услуги за плаќање.

Stellantis, која ги има Fiat, Peugeot, Citroen и Chrysler под свое, ќе ги користи и онлајн услугите на Amazon (AWS).

Партнерството е придружено со зголемен број на соработки бидејќи производителите на автомобили бараат помош од технолошките гиганти за да го ажурираат искуството за возење во нивните возила.

Така Форд и Рено објавија партнерство со Гугл минатата година, додека Мајкрософт се здружи со Фолксваген и Џенерал Моторс.

Според сегашните планови, Stellantis ќе инвестира 30 милијарди евра во електрични возила до 2025 година.