Stellantis – нова компанија составена од FCA и PSA

45

Спојувањето на групациите FCA и PSA продолжува да се остварува со забрзано темпо, а двете компании објавија дека нивниот заеднички ентитет ќе се нарекува Stellantis.

FCA и PSA донесоа одлука новата корпорација која ќе настане од нивното спојување да се нарекува Stellantis. Од групациите истакнуваат дека името пристигнува од латинскиот збор stello кој значи “да се осветли со ѕвезди“. Ова “вселенско“ име не делува како ѕвезден избор, бидејќи нема никаква поврзаност со ниту еден од двата автомобилски производители и нивната историја.

Компаниите нудат малку објаснување за името на Stellantis, но не објаснуваат и не разјаснуваат зошто го избрале токму овој специфичен назив.

“Латинското потекло на името оддава почит на богатата историја на основачките компании додека евоцијата на астрономијата го доловува вистинскиот дух на оптимизмот, енергијата и обновата која ја движи ова спојување кое ќе ја промени индустријата“.

Според соопштението од Stellantis, менаџментот на двете компании бил вклучен во именувањето на новата корпорација. Француската фирма за маркетинг и односи со јавност, Publics Groupe, исто така, е консултирана околу оваа одлука. Следниот чекор е да се создаде лого за новата групација. Сепак, како што се очекува, името Stellantis нема да се најде на било кој автомобил од двете групации, со оглед на тоа дека станува збор исклучиво за име на корпоративно ниво.

FCA и PSA ги финализираа своите планови за спојување во декември 2019 година и очекуваа целата работа да биде завршена во првиот квартал од 2021 година. Компанијата го избра актуелниот извршен директор на PSA, Карлос Таварез, како прв човек на Stellantis во првите пет години.

Новиот автомобилски производител се очекува да биде четвртиот најголем производител на светот со годишни испорачани околу 8,7 милиони возила. Stellantis ќе го сочинуваат 13 брендови, вклучително имиња како Peugeot, Citroen, Jeep, Opel и Fiat. Stellantis планира да создаде две платформи на кои ќе бидат поставени преку две третини од моделите на компанијата.

Преземено од Avtoplus.mk