Стигнаа препораки за летување од Европската комисија

369

Некогаш туристите ја бираа дестинацијата за летен одмор гледајќи какво е сместувањето, колку е оддалечена плажата, какви се дополнителните содржини, но оваа летна сезона ќе биде многу поинаква. Европејците кои ќе се одлучат за прекугранично патување ќе донесат одлуки врз основа на критериуми кои воопшто не се туристички: број на заболени и починати од Ковид -19 во некоја земја, достапност на болнички кревети, број на слободни респиратори, дигитални алатки за следење на заболени…

Така, барем тоа е замислено во упатствата на Европската комисија, објавени вчера во Брисел, кои имаат за цел да им помогнат на земјите членки на ЕУ да ја спасат летната туристичка сезона колку што може.

Луѓето кои планираат да патуваат на одмор ќе може да се информираат на интерактивна карта на страната на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

“Секако дека ова нема да биде нормално лето за никого. Но, ако сите го завршиме својот дел од работата, тогаш нема да мора летото да го поминеме затворени во своите домови и сезоната не мора да биде целосно изгубена за туристичката индустрија“, истакна извршната претседателка на Комисијата, Маргарет Вестагер.

Отворањето на границите и поттикнување на туризмот останува на самите држави членки, а Комисијата даде препораки како најбезбедно да се изведе.

Комисијата нагласува дека епидемијата не е помината, а ризиците од ширење за време на туристичката сезона и понатаму постојат и затоа мерките како социјално дистанцирање, лична хигиена, носење на маски и тестирање на Ковид – 19 треба и понатаму да останат на сила.

ЕК: Два метри помеѓу лежалки, хотели без шведска маса

  1. Два метри растојание е препораката која Комисијата ја дава за оние кои ќе бидат на лежалки на плажа.
  2. Гостите кои спијат во иста соба може да седат на иста маса во ресторан, кафуле, плажа. На останатите се препорачува доближување со носење на маска.
  3. Хотелите се советуваат да избегнат послужување на храна по принципот “шведска маса“, ако тоа не е можно треба да обезбедат средства за дезинфекција.

Фото: Pixabay