Стилист бесплатно им прави фризури на бездомниците во Њујорк

20

Марк Бустос е стилист за коса во салон во Њујорк, но неговите клиенти не мора да бидат богати за да добијат убава фризура. Понекогаш воопшто не им требаат пари.

2

Бустос секоја недела (единствениот слободен ден) го поминува барајќи луѓе на кои им е потребно потстрижување. Тој секоја недела им приоѓа на бездомниците со истата фраза – „Сакам да направам нешто убаво за вас денеска“ и понекогаш потстрижува и по шест луѓе.

Марк им прави фризури на помалку среќните луѓе од мај 2012 година, кога отпатувал во посета на семејството на Филипините. Тој изнајмил фризерски стол во берберница и без пари им правел фризури на сиромашните деца.

nw

„Чувството беше благодарно и решив да ја донесам позитивната енергија назад во Њујорк. Исто така имам потстрижувано бездомници во Јамајка, Костарика и Лос Анџелес“, пишува The Huffington Post.

Фризерот Бустос им прави фризури на бездомници насекаде низ Њујорк, придружуван од неговата девојка која им купува и им носи храна.