Стивен Хокинг – физичарот кој одбра “совршен“ ден да замине меѓу ѕвездите

1959454_710809042339529_8994684190623855_n

Фото: Facebook

Најголемиот ум на денешницата Стивен Хокинг рано утрово почина на 76 годишна возраст. Во чест на неговото дело еве неколку интересни факти за генијалецот од Оксфорд.

Го викале Ајнштајн

Кога одел во училиште, му дале прекар – Ајнштајн. Но, иако бил познат како Ајнштајн, Хокинг не бил првично успешен академски.

Направил компјутер

Во средното училиште Св. Албанс, тој изградил компјутер заедно со својата група пријатели и неговиот учител по математика Дикран Тахта од стара телефонска табла, часовници и други рециклирани компоненти.

Татко му го советувал да се запише медицина

Таткото му го советувал да студира медицина, загрижен дека има малку работа за дипломирани студенти по математика.

Се заљубил во другарка на сестра му

Додека докторирал на Кембриџ, се заљубил во другарка на сестра му, Џејн. Кога се вериле во октомври 1964, тој изјавил дека “конечно има за што да живее”.

Докторите му предвиделе само две години живот

Во 1963 година, кога имал само 21 година, на Стивен му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), а лекарите му рекле дека има само две години живот.

Изгубил опклада

Во 1997 година, Стефан Хокинг изгубил облог со американскиот теоретски физичар Џон Перскил за концептот на Црните дупки, во којшто се вели дека ништо не може да избега од црна дупка, што е во спротивност со основите на квантната механика. Тој го призна својот пораз дури во 2004 година.

Американски акцент

Иако беше Британец, акцентот којшто три децении го користеше на неговата машина за зборење беше американски.

Почина на денот Пи

Во раните часови на 14 март годинава, Стивен Хокинг починал мирно во неговиот дом во Кембриџ. Денот на неговата смрт, е 30-годишнината од Пи Денот, денот кога се слави математичката константа Пи.