Стоматолози почнаа да наплаќаат корона такса

310

Поради коронавирусот, многу индустрии се соочуваат со различни правила и нови мерки што треба да ги исполнат, а тоа чини пари.

Како резултат на тоа, се прелева во цената на услугите, односно врз паричниците на потрошувачите. Фризерите и козметичарите беа првите во Србија што го сториле тоа, зголемувајќи ги цените за околу 10 %, по услуга, а сега стоматолозите го направиле истото, пишува Telegraf.

Така, во една ординација меѓу останатите ставки е наведено дека “по секоја посета ќе се наплаќа дополнителна микробиолошка заштита во висина од 1.700 динари (14,5 евра). За прегледи и контроли каде што присуството на аеросоли е помалку, 1.200 динари(10 евра), се наведува во соопштението.

Во Швајцарија побуна за новата такса

Сè повеќе стоматолошки операции во Швајцарија наплатуваат специјална корона-такса, што наиде на остри критики од Здружението за заштита на потрошувачите.

Претходно, фризерите воведоа специјални такси, оправдувајќи ги со трошоците за дополнителна дезинфекција.

Сега, стоматолозите, исто така се одлучија да го преземат овој чекор, наплаќајќи им на пациентите такса за дезинфекција на работното место, a таа такса во Цирих изнесува 15,30 франци (14,2 евра).

Надлежните власти објаснуваат дека таксата за дезинфекција на работното место не е ништо ново, туку дека од јануари 2018 година е составен дел на стоматолошката тарифа. Сепак, досега огромното мнозинство на стоматолози не ја користеја оваа опција.

Сега, според Здружението на стоматолози поради коронавирусот, стоматолозите имаат поголеми трошоци за дезинфекција на своите ординации, а поради задолжителното проветрување, тие имаат подолги паузи помеѓу приемот на пациенти.

Фото: Freepik