Стопанска банка АД – Скопје поставува стандарди за заштита на клиентите при e-commerce трансакции

28

stopanska

Стопанска банка АД – Скопје стана прв корисник во целиот CEMEA регион (Central Europe Middle East and Africa) на напредниот информациски производ од VISA кој им помага на корисниците да ги намалат ризиците од злоупотреба при e-commerce трансакции користејќи анализа на ризик во реално време. Сервисот е наречен VCAS (Visa Consumer Authentication Service) и е дизајниран за беспрекорна поддршка на 3D Secure (three domain secure) програмот како што е Verified by VISA или MasterCard Secure Code. Овој сервис е достапен единствено и бесплатно за сите VISA и MasterCard платежни картички од Стопанска банка АД – Скопје.

VCAS го потврдува идентитетот на клиентот пред процесот на авторизација, додавајќи моќно ниво на заштита против злоупотреба. Како што клиентот го започнува процесот на плаќање, решението прави проценка на ризикот во реално време базиран на бројни параметри вклучувајќи ги информациите за трансакцијата, типот на уредот како и историските навики на трошење. Крајниот резултат е дека Банката издавач на картичката ќе може да реализира e-commerce трансакции со намален ризик без притоа да налага од клиентот секоја трансакција да биде авторизирана со лозинка или слично. Решението ги намалува причините за прекин или откажување во процесот на плаќање од страна на клиентот, додека во исто време им помага на трговците и издавачите на картички да ги намалат загубите од евентуални измами.

„Инспиративно е да се види Банка толку посветена на своите клиенти, што е подготвена да направи екстра напори и да имплементира нова технологија која ќе обезбеди дополнително ниво на заштита на интернет трансакциите за клиентите“, изјави Катажена Сошин, Регионален менаџер CIS&SEE, од VISA при нејзината посета на Стопанска банка АД – Скопје.

„VCAS ќе и помогне на Стопанска банка да го намали ризикот од e-commerce злоупотреби користејќи анализа на ризикот во реално време. Ова решение е уште еден пример за тоа како ние ги користиме комплексните сознанија, кои VISA при процесирање на трансакциите ги собира, со цел да создадеме дополнителна вредност за трговците и нашите партнери финансиски институции. Бидејќи решението само ги известува клиентите при најризичните трансакции, повеќето клиенти ќе имаат брза и лесна автентикација на плаќања користејќи го Verified by Visa.“

„Со овој новитет, нашите клиенти имаат повеќе од само картичка во своите паричници, имаат клуч до e-commerce трансакции ширум светот, достапен 24/7. Корисниците на картички од Стопанска банка се први во земјава и пошироко да уживаат во највисокото ниво на заштита при online плаќања и за истото немаат дополнителни трошоци ниту мораат да направат екстра напор за да го добијат. Горди сме што продолжуваме да поставуваме стандарди за најдобро банкарско работење и нашиот тим останува целосно посветен на нашите клиенти благодарение на современата технологија која ни е секојдневно подостапна“, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на Стопанска банка АД – Скопје.