Стопанска банка Битола избрана за најдобра retail банка во Македонија

16

stopanska banka bitola

Светскиот финансиски магазин Global Banking Finance на Стопанска банка Битола ѝ ја додека престижната награда за најдобра retail банка во Македонија за 2015 година, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Банката ја доби оваа награда како резултат на анализата на поднесените номинации, при што прецизно се мери успехот на менаџерот преку постигнатите резултати на банката во банкарскиот сектор.

Изборот на најдобрите банки од различни сегменти во банкарството го вршат уредниците на списанието Global Banking Finance во соработка со истражувачкиот тим и издавачот, кои по опсежните анализи на номинираните во одделни категории одлучуваат која банка ќе го однесе приматот во определена категорија во дадена година.

Според тимот на Global Banking Finance, главниот извршен директор на Стопанска банка Битола, Владимир Ефтимовски, е носител на престижното признание за најдобар главен извршен директор во банкарскиот сектор во земјава.

Global Banking Finance е списание коешто секоја година ги наградува најдобрите во финансискиот сектор, банкарството, осигурувањето, хеџ фондовите, пензиските фондови…