Стопанска банка Битола со добивка од над 21 милиони денари во 2013

79

stopanska banka bitola

Стопанска банка АД Битола 2013 година ја заокружи со добивка од 21.701.023 денари, покажуваат податоците од ревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи на банката биле во висина од 518.069.407 денари, додека на расходната страна се евидентирани 495.850.365 денари. Според тоа, бруто добивката е на ниво од 22.219.042 денари, а на данокот на непризнаени расходи е 518.019 денари.

Менаџментот на банката донесе одлука добивката во висина од 21.701.023 денари во целост да ја распореди за покривање на дел од загубата што беше остварена во 2012 година, во висина од 146.558.000 денари.

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Битола донесе одлука за определување на месечна награда и награда за успешно завршената година на членовите на надзорниот одбор на банката.