Стопанска банка Битола за девет месеци прокнижи добивка од 772.000 денари

49

Стопанска банка Битола, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка 772.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период лани, банката оствари добивка од 61.517.000 денари.

“Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.-30.9.2019 година, односно добивка во износ од 0,77 милиони денари. Добивката од работењето пред исправка на вредност на финансиските и нефинансиските средства којашто е показател за оперативното работење на банката изнесува 63,63 милиони денари“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Нето приходите од камати во текот на деветте месеци од оваа година, како што се наведува, изнесуваат 222,29 милиони денари, што претставува остварување на планот за третиот квартал со 93,34%. Општиот тренд на намалување на каматните стапки, како што стои во Образложението, придонесе за намалување на каматните маргини што се одрази и на остварувањето на приходите од камати за пласманите реализирани во овој период.

Нето приходите од провизии и надоместоци заклучно со третиот квартал од 2019 година изнесуваат 79,75 милиони денари, со што планот е остварен со 102,58% иако, како што се наведува, остварените износи се пониски за 7,78% во однос на остварувањето од истиот период од минатата година.

Фото: Pixabay