Стопанска банка организира Недела на штедење

19

slika za webПо повод Меѓународниот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје во периодот од 28.10 до 02.11 организира Недела на штедење во која клиентите кои ќе отворат нов орочен депозит Мој план имаат на располагање специјална понуда. Имено, каматните стапки на овие нови депозити ќе бидат зголемени за 0,5 пп за депозити во денари и 0,25 пп за депозити во евра во однос на редовните каматни стапки.

Со оваа активност, сакаме да им оддадеме почит на клиентите кои веќе знаат да штедат и да препознаат добра понуда за штедење како и на клиентите кои сакаат да почнат со оваа здрава навика од почеток. Мој план е орочен депозит кој овозможува неограничен број и износ на дополнителни вложувања за времетраењето на орочувањето на депозитот, без притоа да се разорочи депозитот или да се продолжи периодот на орочување. На овој начин континуирано и постепено се зголемува основниот влог. Со овие карактеристики и дополнителната зголемена каматна стапка, Мој план е вистинскиот начин да се одбележи Меѓународниот ден на штедење. Во секоја од нашите филијали на располагање на клиентите е Советник за депозити кој може да им ги презентира производите на Банката и да им помогне во изборот на најсоодветниот начин на штедење за нивните потреби.

Дополнително, Стопанска банка АД – Скопје ги повикува своите клиенти да не штедат на љубов и грижа и во претстојниот период преку „На ваша страна“ Facebook страницата да им испратат на децата во Клиниката за детски болести, Скопје пораки полни со љубов и желби за подобро здравје.