Стопанска банка повеќе нема да ја развива m-banking апликацијата на Windows mobile

23

stopanska-banka
Стопанска банка во иднина нема повеќе да ја развива својата m – banking апликација на Windows mobile, стои во соопштението.

“Согласно трендовите и згаснувањето на Windows како мобилна платформа, ќе се насочиме кон подобрување и дополнителен развој на нашата апликација на најпопуларните оперативни системи Android и iOS. За оние кои ја користитат m – banking апликацијата на Windows телефоните Ве информираме дека апликацијата и понатаму нормално ќе продолжи да работи со досегашните функционалности, но нема да има понатамошен развој, update и воведување на иновации“, велат од банката.

Стопанска банка, како што се наведува, и понатаму ќе остане банка што го следи трендот и иновациите во дигиталната индустрија и постојано ќе работи на подобрувањето на својата m – banking апликација согласно побарувањата на пазарот.