Стопанска банка со добивка од 1,7 милијарди денари во деветте месеци од оваа година

35

Стопанска банка Скопје, во текот не деветте месеци од оваа година, евидентираше добивка во висина од 1.730.218.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, банката прикажа добивка од 2.589.629.000 денари.

“Во периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.922.465.000 денари, што претставува намалување за 25,8% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога банката склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат“, стои во Анализата на финансиските резултати на банката.

Нето приходите од камати изнесуваат 2.713.974.000 денари коишто, како што се наведува, се намалени за 4% во однос на истиот показател од 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 5,2%, додека расходите од камата забележаа намалување од 11,8%. Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 846.695.000 денари и се повисоки за 12,8% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од услугите.

Фото: Pixabay