Стопанска банка со измена во тарифникот за водење штедни и трансакциски сметки од јуни

21

stopanska-banka

Стопанска банка ги известува своите клиенти за измена во тарифникот за водење на штедни и трансакциски сметки од први јуни.

“Стопанска банка од 01.06.2017 година воведува надоместок за месечно водење на штедни сметки, за трансакции извршени со почеток од 01.06.2017 година, при што наплатата ќе се изврши со валута на 01.07.2017 година во износ од минимум 20, а максимум 30 ден во зависност од бројот на извршени трансакции во текот на еден календарски месец. Банката, исто така, воведува и надоместок за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери за трансакции извршени со почеток од 01.06.2017 година, при што наплатата ќе се изврши со валута на 01.07.2017 година во износ од минимум 10, а максимум 20 денари во зависност од бројот на извршени трансакции во текот на еден календарски месец“, соопштуваат од банката.

По увидот во горенаведената објава, како што се наведува, клиентот го задржува правото да побара прекин на деловниот однос со банката со доставување на писмено барање на шалтерите на банката, во спротивно ќе се смета дека трошокот е прифатен и дека Банката има право да го наплатува истиот.