Стопанска банка со промена на надоместокот за месечно водење сметки на пензионери

23

Фото: Pixabay

Стопанска банка АД Скопје, почнувајќи од први април оваа година, врши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери, соопштува банката.

Надоместокот ќе се наплатува во износ од минимум 15 денари, максимум 25 денари, во зависност од бројот на извршени трансакции во текот на еден календарски месец.

“За детален увид во актуелните надоместоци, обратете се во Филијалите на банката, во 24/7 Контакт центарот на (02) 3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страницата на Банката (тарифна iточка 57.50). Како клиент на Банката го задржувате своето право и можност да го уредите или измените деловниот однос со банката за што може да добиете совет и насоки од одговорните лица во нашите филијали“, стои во соопштението.